Вести
Активни неколку шумски пожари, вклучени авионите на ДЗС
Пожарот во скопското село Моране, општина Студеничани, се уште е активен. Во гасењето се вклучени 20 лица од Дирекцијата за заштита и спасување, делува еден хеликоптер и авиони на Дирекцијата.
Како што соопшти Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), се е уште е активен пожарот во атарот на селото Требовље, кој сега е префрлен во месноста викана Фојник и оди кон село Близанско. Пожарот е на отворен простор, а запалена е сува трева и лисната постилка од борова шума. Во гасењето се ангажирани 45 лица.
Кон селата Калуѓерец и Могилец гори сува трева и нискостеблесна шума. Пожарот го гасат 28 лица и тој зафатил две стари куќи.


