Актуелно
157 верници во Скопје, преку 1000 пријавени во Охрид, ќе се обидат да го фатат Светиот крст за Водици
Одбележувањето на празникот Богојавление, познат и како Водици, во Македонија продолжува во склад со вековната традиција на положување на светиот крст во осветените води.
Според христијанската вера, на овој ден Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан.
Најголемите манифестации традиционално се одржуваат во Охрид и во Скопје. Најмасовно и најспектакуларно е положувањето на крстот во водите на Охридското Езеро што ќе се изврши во 10 часот од градското пристаниште. Центарот на градот и пристаништето се украсени со зеленило, верски и државни знамиња, а возбудата се чувствува низ чаршијата и во секој дом на охриѓани, особено во стариот дел од каде што потекнува традицијата за положување на чесниот крст во езерото.



