Актуелно
Совет за етика во медиумите: Најмногу жалби за прекршувања на Кодексот и натаму за онлјан медиумите
Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) на прес конференција презентираше детали за бројот на примени и разгледани жалби во 2024 година и утврдените прекршувања на Кодексот на новинарите при известувањето.
До Комисијата за жалби при СЕММ минатата година биле поднесени вкупно 84 жалби, од граѓани, институции и невладини организации, од кои во 33 случаи е утврдено прекршување на еден или повеќе членови од Кодексот на новинарите, додека во 21 не е утврдено прекршување. Најмногу жалби, како и во изминатите неколку години, се поднесени против содржини во онлајн медиумите, дури 66, додека останатите се за содржини во телевизиите и весниците.
Најголем дел од жалбите се поднесени од организации од граѓанскиот сектор (27), потоа од граѓани (26) , од јавни институции (9) и од носители на јавни функции (8). Политичари и политички партии, минатата година имаат поднесено вкупно 8 жалби против медиумски содржини.





