Актуелно
АЕТМ: Во првите 6 месеци реализирани онлајн трансакции во вредност од 339.8 милиони евра
- Со македонски картички кон македонски е-трговци се реализирале 193.1 милиони евра
- Просечната трансакција на Македонците кон македонските е-трговци изнесува 30.8 евра додека кон странските е-трговци 37.2
- Вредноста на реализираните повтроливи трансакции (recurring payments) за претплати на домшани сервис провајдери изнесува 53.7 илјади евра, додека кон странски 6.1 милиони евра.
Согласно најновите објавени податоци[1] за трансакции на места на продажба за е-трговија (со исклучок на трансакциите со електронски пари) на Народната банка на Република Северна Македонија во првата половина од 2024 година вредноста на вкупните трансакции направени кон интернет продавниците од Македонци дома и во странство, како и од иматели на странски картички изнесува 20,899.8 милиони денари или 339.8 милиони евра. При тоа кон македонските е-трговци биле направени онлајн трансакции во вредност од 210.2 милиони евра од домашни и странски иматели на платежни картички. Тоа преставува учество од 61.8% во вредноста на направените вкупни онлајн трансакции. При тоа од македонски иматели на платежни картичи кон домашните е-трговци направена е вредност од 11,875.6 милиони денари или 193.1 милиони евра, што преставува учество од 56.8%, од странци направена е вредност од 1049.7 милиои денари или 17.1 милиони евра односно учество од 5%. Од друга страна Македонците во странство напавиле онлајн трансакции во вредност од 7974.5 милиони денари или 129.7 милиони евра односно 38.2% од вредноста на вкупните трансакции.




