Актуелно
Алијансата за родова еднаквост на работното место со впечатлива кампања го одбележа месецот на жената
По повод 8-ми март, Меѓународниот ден на жената, и воедно, месецот на жената, Алијансата за родова еднаквост на работното место – ГЕА, која се залага за еднаквост на работното место, изработи креативна кампања насловена “Мит наспроти Факт”, со цел разоткривање на погрешните размислувања или митови кои се јавуваат на оваа тема, и истакнување на реалноста за родовата еднаквост во Северна Македонија и предизвиците со кои се соочуваат одредени поединци.
За потребите на кампањата беа користени статистики кои се базирани на истражувања и студии од Државниот завод за статистика, Светскиот Економски Форум, Светската Банка и Европскиот институт за родова еднаквост, токму со цел да се разбијат некои од митовите кои се јавуваат кога станува збор за родовата еднаквост на работното место преку впечатливи креативи и реклами на социјалните медиуми на GEA.






