Актуелно
АССЕКО СЕЕ е една од првите ИТ компании која успешно 20 години по ред го имплементира ISO 9001:2015 стандардот
Македонската компанија АССЕКО СЕЕ, дел од полската групација АССЕКО, успешно 20 години по ред ја продолжува имплементацијата на меѓународно признатиот ISO 9001:2015 стандард.
АССЕКО СЕЕ, која инаку е една првите ИТ компании кои се стекнаа со овој истакнат сертификат, доби пригодна плакета од сертификационото тело по повод 20. годишнината од првата имплементација на стандардот, на настан кој се одржа во просториите на компанијата.
– „Посебно ми е драго што ја имам честа да го доделам ова признание за 20 години од сертификацијата на вашата компанија со овој светски признат сертификат. Вие сте една од првите, ако не и првата ИТ компанија која успешно продолжува со имплементацијата на ISO 9001:2015, а во интерес на одржување и проширување на бизнисот.“ – изјави Веле Темелкоски, регионален координатор на „Quality Austria“.




