Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Српскиот Ananas.rs го откупи сопствеништвото на македонскиот бренд Групер од компанијата Пејтен

Актуелно

Српскиот Ananas.rs го откупи сопствеништвото на македонскиот бренд Групер од компанијата Пејтен

Маркетплејс платформата за онлајн продажба, Ananas.rs, со седиште во Србија, од Payten го откупи 100% од сопствеништвото на компанијата ВЕБСПОТ со што стана сопственик на македонските брендови за онлајн купување Grouper.mk и PaoPao.mk.

На македонскиот пазар Grouper.mk е познат по бизнисот за продажба на купони за услуги, додека неодамна лансираниот сајт PaoPao.mk претставува marketplace платформа за онлајн купување на производи. Аквизицијата на Grouper.mk како водечки сајт за е-трговија на македонскиот пазар со скоро 300.000 корисници и 3.000 трговци, претставува прв чекор на
Ananas кон регионално ширење. Оваа аквизиција ќе му овозможи на Ananas брз влез на македонскиот пазар како и воведување на нивните иновации и нови концепти.

Marketplace платфомрата Ananas е дел од корпорацијата Делта Холдинг со седиште во Белград. Првите продажби на платформата беа извршени летото 2021, а денес Ананас на своите купувачи им нуди повеќе од 150.000 различни производи, по пат на разгранета мрежа со преку 200 партнери. За помалку од една година Ananas.rs го имаат посетено повеќе од милион купувачи. Со лансирањето на Ананас, компанијата Делта Холдинг ја најави својата амбиција да создаде регионален гигант во онлајн трговијата и подготвеност во овој проект да вложи околу 100 милиони евра во првите 5 години.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.