Актуелно
Македонската платформа „E-ТРГОВИЈА ЗА СИТЕ“ се шири на регионално ниво
Споредено со земјите од Западен Балкан, Северна Македонија е после Србија и Косово, а пред Босна и Херцеговина и Црна Гора во процент на население кое купува онлајн. Споредено со соседните земји, Косово е на прво место во Европа или 77% од онлајн купувачите купуваат облека онлајн, потоа Црна Гора со 71%, додека под европскиот просек се С.Македонија со 57%, БиХ со 56% и Србија со 52%. Данокот на добивка како процент од комерцијалната добивка е највисок во Албанија – 14,1%, а најнизок во Црна Гора – 8,3%, додека пак времето потребно за извоз и увоз на производи во часови е најкратко во Молдавија.
Вакви и голем број други бизнис факти и информации поврзани со водењето на бизнис со е-трговија од денеска официјално се достапни на првата регионална платформа за е-трговија „Е-трговијa за сите“ – ecommerce4all.eu.
Регионалната веб-платформа се развива од страна на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија како главен имплементатор во соработка со асоцијациите за е-трговија и организациите од сродните индустрии од ЦЕФТА, односно од Албаниjа: Трговско-индустриска комора на Тирана (CCIT) и Асоцијација за е-трговија на Албанија , од Босна и Херцеговина – Асоцијација за е-трговија од Босна и Херцеговина, Здружение за е-трговија „eComm“ во БиХ, од Косово: Асоцијацијата за ИКТ од Косово, од Молдавија: Американска комора Молдавија, од Србија: Асоцијацијата за е-трговија од Србија и од Црна Гoра: Стопанска комора на Црна Гора,


