Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

„Групер“ стана дел од полската групација „Асеко“

Актуелно

„Групер“ стана дел од полската групација „Асеко“

Маркетинг

„Групер“ стана дел од полската групација „Асеко“

Payten, кој е дел од полската групација Asseco SEE, е новиот сопственик на македонската платформа за е-трговија, Grouper.mk.

Payten, провајдерот на целосни софтверски решенија за платежната индустрија за финансиските и не-финансиските институции, кои поддржуваат картични и не-картични трансакции, оствари уште една стратешка инвестиција во е-трговијата, преку аквизиција на онлајн платформата Grouper, со седиште во Скопје. Grouper.mk, водечка платформа за е-трговија даде голем  придонес кон трансформацијата на  е-трговијата во земјата, овозможувајќи им  на 3.500 трговци да влезат во светот на е-трговијата и да започнат со онлајн продажба, истовремено поттикнувајќи  270.000 корисници да го прифатат онлајн купувањето.

– „Payten се стекна со сопственост на 100% од  акциите на Grouper, како дел од стратегијата за проширување  на портфолиото на компанијата со решенија за е-трговија. Со Grouper во нашите редови, ја збогатуваме нашата понудата за сите трговци и ги унапредуваме Payten решенијата за е-трговија. Уверена сум дека заедно со младиот и динамичен тим на Grouper, кој поседува одлични познавања во областите на е-трговијата и маркетингот,  а сега со поддршка од неколку меѓународни  експерти од Payten,  ќе создадеме уште поиновативни решенија за е-трговија.“- изјави Катарина Арнолд Рокита, раководител на тимот за развој на е-трговија во Payten.

– „Го создадовме Grouper пред  10 години со многу енергија, посветеност и ентузијазам да го трансформираме пазарот со е-трговија. Во текот на изминатите години, тимот вложи многу посветени напори во надминувањето на бројни предизвици, а истовремено постојано учеше, се адаптираше и носеше иновативни решенија. Grouper растеше  и постигна многу, но има уште многу простор за раст и натамошен напредок кој веруваме дека полесно ќе го оствари како дел од меѓународна групација. Следствено, среќни сме  што Grouper го  продолжува својот пат, сега веќе како дел од Payten, членка на ASEE групацијата. Оваа аквизиција за нас значи многу повеќе – тоа е  признание на нашата напорна работа, посветеност и на досегашните успеси, но воедно претставува одлична можност за  натамошен  раст и за целосна реализација на потенцијалот на Grouper. Со нетрпение ги очекуваме следните големи планови и нови решенија, кои ќе им помогнат на локалните компании да ја прифатат е-трговијата, да ја зголемат продажбата и да го унапредат нивното работење, а кои истовремено на е-купувачите ќе им понудат поголем избор и можности. – изјавија ко-основачите на Grouper.

За Grouper

Македонската компанија Grouper, основана во 2011 г.,  е препознаена како иновативен фактор кој трајно го измени и унапреди пазарот на е-трговија во земјата. Со почетокот на функционирањето на  првата платформа за зделки во земјата, компанијата придонесе кон трансформација на пазарот на е-трговија, овозможувајќи им на стотици компании да влезат во светот на е-трговијата и да почнат со онлајн продажба,  а истовремено  на илјадници купувачи им овозможи да ги прифатат предностите на онлајн купувањето. Низ годините, компанијата се прилагодуваше, воведуваше нови производи, што пак од своја страна овозможи компанијата да го збогати свето  портфолио и да ги прошири нејзините деловни активности. Платформата содржи понуди за  попусти за различни услуги, патувања, а од неодамна, со  купопродажната платформа (Grouper Shopping Mall), воведена по почетокот на глобалната КОВИД-19 пандемија, платформа, која веќе брои повеќе од 100 е-продавници, компанијата се стекна  со голем потенцијал за натамошни иновации и раст. Денес, Grouper опслужува повеќе од 270.000 корисници, во соработка со повеќе од 3.500 трговци. Успехот и постигнувањата на Grouper се  препознаени и надвор од границите на земјата. Со растот на е-трговијата, а уште повеќе со оглед на можностите за забрзан раст кои резултираат од глобалната пандемија, се создава голем потенцијал за забрзан раст и проширување на деловните активности на Grouper.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.