Актуелно
АЕТМ: Во првите 9 месеци од 2023 година потрошени 29.9 милјарди денари во е-трговија
- Со македонски картички кон македонски е-трговци се реализирале 19.5 милијарди денари, пораст од 13% во спореба со истиот период од минатата година
- Во првите 9 месеци од 2023 година, 20.7 милјарди денари се потрошени кон домашните е-трговци
Согласно најновите објавени податоци за безготовински платежни трансакции на виртуелните места на продажба на Народната банка на Република Северна Македонија во периодот јануари-септември 2023 година, вкупната вредност на онлајн трансакциите реализирани во земјата и во странство со домашни и странски картички, изнесува 29.9 милијарди денари (3.3 милијарди денари просечно месечно) што претставува пораст од 18.2% во однос на истиот период минатата година кога е остварена вредност од 25.3 милијарди денари (2.8 милијарди денари просечно месечно). Гледано по месеци, највисок пораст од 22.03% на вкупните онлајн трансакции е остварен во март, а најнизок од 12.5% во април во однос на истите месеци минатата година.





