Халкбанк со инвестиција над 25.000 евра за поддршка на угостителскиот сектор
Преку кампањата „На наша сметка“ до ваучер од 500 денари за локалите клиенти на банката
Како дел од својата заложба за поддршка на малите бизниси погодени од корона-кризата, Халкбанк продолжува со уште една кампања наречена „На наша сметка“ преку која дава директна помош на вкупно 133 локали од угостителскиот сектор низ целата територија на земјата.
Преку оваа кампања, која инаку ќе трае сѐ до 30 септември, сите нови или постоечки клиенти физички лица на Халкбанк, доколку станат корисник на некој од продуктите на банката, како: нов кредит, нов депозит, дозволено пречекорување на трансакциска сметка, нова Mastercard кредитна картичка или пак трансакциска сметка со плата во Халкбанк, ќе добијат Mastercard дебитна картичка и вредносен ваучер од 500 денари кој ќе може да го искористат во еден од локалите кои се клиенти на филијалата од каде го подигнале ваучерот.
Филијалите, всушност, имаат обврска на секој нов или постоечки клиент кој ќе земе нов продукт во дадениот временски интервал, да му дадат вредносен ваучер од еден од локалите кои се на неговата листа. На овој начин, банката дава директна поддршка на локалните бизниси, на своите клиенти, но и на филијалите со кои тие работат.


