Кејт Мидлтон во самоизолација: „Се наоѓа дома, нема симптоми и ги следи сите владини мерки“
Војвотката од Кембриџ мора да помине 10 дена во самоизолација, иако самата сеуште нема никакви симптоми на вирусот. Поради тоа сите нејзини претходни договорени обврски мора да бидат откажани.
Кејт Мидлтон (39) последен пат беше видена во јавноста во петокот кога беше во посета на тенискиот турнир Вимблдон и присуствуваше на тениски меч.



