Нов бран на КОВИД-19 во најава – надлежните апелираат невакцинираните да се вакцинираат
И покрај најавените нови рестриктивни мерки кои се очекува да бидат во сила кон средината на месецов, бројот на заболени од Ковид-19 секојдневно расте.
Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје при направени 6.383 тестирања, регистрирани се 398 нови случаи со Ковид-19, 18 оздравени пациенти и четворица починати. Со ова вкупниот број активни случаи достигна 1.994 од кои најголем број има во Скопје 603 и во Тетово 572, а потоа следат Гостивар со 221, Куманово со 145, Кичево со 73, Струмица со 59, Битола со 57, Дебар со 46, Охрид со 40.
Одлуката за воведувањето на новите рестриктивни мерки ја донесе Владата на завчерашната седница со цел да се спречи ширењето на новиот делта сој на коронавирусот и забрзано да не се полнат болниците низ земјава.


