Македонците најмногу заинтересирани за летување во Грција, Турција и Албанија
Корона кризата полека, но сигурно, заминува. И оваа година атрактивни за Македонците остануваат Грција, Турција и Албанија.
Генерално, негативен ПЦР тест или сертификатот за примена вакција се задолжителни за сите земји, освен за Албанија и Црна Гора, каде засега на граничните премини не се бараат посебни документи за влез во земјата. Црногорските власти дури најавија дека целосно на државен трошок ќе биде покриено и болничкото лекување доколку некој турист заболи од Ковид-19.
Во моментот, за Турција е потребен негативен ПЦР тест или сертификат за завршена вакцинација, а за влез во Грција од денеска, според најавите, покрај веќе познатите опции за влез, ќе може да се влезе и со негативен антигенски рапид (брз) тест. Оваа промена, грчките власти ја најавија вчера, а стапи во сила од утринава во 6 часот.



