Нова препорака од ЕМА: „Астразенека“ да не се дава на лица над 60 години
Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска соопшти дека земјите треба да ја избегнуваат вакцината „Астразенека“ против Ковид-19 за лицата на возраст над 60 години поради страв од ретка појава на згрутчување на крвта.
ЕМА смета дека „Астразенека“ е безбедна вакцина за сите возрасни групи, но неколку земји-членки на ЕУ престанаа да ја користат за младите или ја ограничуваат на лица на возраст од 50 до 65 години.
Оваа одлука ја донесоа земјите по евидентираните случаи на згрутчување на крвта кај помладата популација.



