НОВАК ТИ СИ СУПЕРМЕН! Хју Џекман фасциниран од историската победа на тенисерот
Новак Ѓоковиќ е главна тема во сите светски медиуми, но и кај познатите личности ширум светот.
Австралискиот глумец Хју Џекман се огласи по повод историската победа на Ѓоковиќ на Ролан Гарос. Тој инаку се наоѓа во каранти во Австралија, од каде го прател финалето кое го опиша како епско. Во својата објава му честиташе на Новак и напиша дека српскиот тенисер е супермен.





