Актуелно
Огромен интерес за претстојната Четврта конференција за е-трговија во Македонија
Петок, 12 ноември е датумот резервиран за четвртото издание на најголемиот настан за е-трговија во Македонија – Конференцијата за е-трговија, која оваа година, под мотото „Ready, Set, Grow“ се организира во хибриден формат.
Потврдени се речиси 500 учесници кои годинава ќе присуствуваат на конференцијата во хотелот „DoubleTree by Hilton“ во Скопје или ќе ја следат конференцијата преку интернет, а свое излагање ќе имаат 28 еминентни говорници од земјата и странство.
И оваа година, Конференцијата за е-трговија ќе биде место каде што сите присутни ќе можат да ги прошират своите знаења во областа на е-трговијата, како и да се запознаат со домашните и странски чинители во екосистемот на е-трговијата.




