Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ОПАСЕН „ПАРАЦЕТАМОЛ“ ТРЕНД: Тик-Ток ќе се забрани во Македонија ако опасните трендови станат практика

Актуелно

ОПАСЕН „ПАРАЦЕТАМОЛ“ ТРЕНД: Тик-Ток ќе се забрани во Македонија ако опасните трендови станат практика

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, најави дека ќе се пристапи кон забрана на платформата Тик-Ток ако некој од опасните трендови и инциденти кои се појавуваат, прерасне во редовна практика. Оваа изјава следува по новиот предизвик на платформата, поврзан со користење на парацетамол, кој е исклучително опасен за децата.

На Тик-Ток, се појави тренд каде корисниците, најчесто млади лица, ги покажуваат опасните последици од претерано консумирање на парацетамол, што може да доведе до сериозно оштетување на органите, па дури и до смрт. Овој предизвик доби големо внимание, а експертите за здравје алармираат за потенцијално фаталните последици од учеството во вакви трендови. Министерот Андоновски истакна дека доколку овој тренд продолжи да расте и прерасне во редовна појава, Министерството ќе преземе мерки за забрана на платформата.

„Нашиот пристап е јасен – ако се забележи дека некој инцидент преминува во поширока опасност за јавноста, како што беше случај со нелегалните онлајн коцкарници, тогаш ќе се пристапи кон забрана. Но, не сакам да дадам изјави секоја недела врз основа на последниот тренд, затоа што сакаме да ги разгледаме работите внимателно и да дејствуваме кога ќе видиме дека тоа прераснува во пракса“, изјави Андоновски.

Маркетинг

Министерот го истакна и значењето на образованието и превенцијата во заштитата на најмладите од опасности на интернет, наведувајќи дека упатството доставено до училиштата и родителите е клучен инструмент во овој процес.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.