Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Патувате во ЕУ? Еве што треба да знаете пред воведувањето на системот ЕЕС

Актуелно

Патувате во ЕУ? Еве што треба да знаете пред воведувањето на системот ЕЕС

Од 12 октомври започнува да се применува новиот систем за влез и излез во Европската Унија – ЕЕС (Entry/Exit System), кој ќе го менува начинот на контрола на патниците што влегуваат во Шенген зоната. Новиот систем постепено ќе се воведува до април 2026 година, а неговата цел е да се зголеми безбедноста и да се модернизира надзорот на надворешните граници на ЕУ.

Со новите правила, секој патник што првпат влегува во земја од Шенген зоната ќе треба да даде биометриски податоци – отпечатоци од прсти и фотографија од лице. Податоците потоа ќе се зачуваат во системот и ќе се користат при секое наредно патување.

„ЕЕС ќе овозможи побезбедни граници, полесно откривање на нелегални престои и измами со документи, како и подобра заштита на граѓаните на Унијата,“ соопшти Европската комисија.

Маркетинг

Како ќе изгледа процесот?

🔹 На влез во ЕУ:
При првата регистрација, граничните службеници ќе земат биометриски податоци (фотографија и отпечатоци од прсти). Сите информации – како време и место на влез – ќе се внесат автоматски во системот.

🔹 На излез:
Системот ќе го евидентира времето и местото на заминување и ќе ги поврзе податоците со вашиот досие.

🔹 При следни патувања:
Повеќе нема потреба повторно да се внесуваат податоци. Системот автоматски ќе ве препознае и ќе провери дали сте го пречекориле дозволениот престој или имате активни забрани.

Процесот трае 3–5 минути по патник, односно до 20 минути за цел автомобил. Во преодната фаза (октомври 2025 – април 2026) се очекуваат и олеснувања, како исклучоци на некои гранични премини и задржување на печатење на пасоши во одредени случаи.

Кои податоци ќе се собираат?

  • Информации од пасошот (име, број, датум на раѓање и др.)

  • Биометриски податоци: отпечатоци од прсти и фотографија од лице

  • Датум и место на влез и излез

  • Податоци за евентуални пречекорувања на престојот или одбивања на влез

Сè уште не е потврдено дали патниците ќе мора да излегуваат од возилото при фотографирањето, но експертите очекуваат дека тоа ќе зависи од секој граничен премин поединечно.

Кои земји ќе го применуваат ЕЕС?

Вкупно 29 европски земји, меѓу кои сите членки на Шенген зоната (Австрија, Германија, Франција, Италија, Шпанија, Хрватска, Словенија, Грција, Полска и др.), како и четири земји надвор од ЕУ – Норвешка, Швајцарија, Исланд и Лихтенштајн.

Одбивање на биометриски податоци = одбивање влез

Патниците кои одбијат да дадат биометриски податоци нема да можат да влезат во земјите што го применуваат системот ЕЕС.

Системот не важи за граѓани на земјите од ЕУ, лица со дозвола за престој, истражувачи, студенти, волонтери и службени лица со дипломатски статус.

Следно: ETIAS – електронско одобрение за патување

Од следната година, покрај ЕЕС, ќе се воведе и ETIAS – онлајн апликација за патници кои немаат виза. Ќе треба однапред да се регистрираат, да платат такса од 20 евра и да добијат електронско одобрение за патување низ Шенген зоната.

Корисни совети за патниците:

✅ Проверете го пасошот – мора да важи најмалку 3 месеци по планираното заминување.
✅ Планирајте време за регистрација – првата проверка трае неколку минути повеќе.
✅ Следете ги официјалните информации на веб-страницата на ЕУ.
✅ Проверете дали превозникот (авиокомпанија или автобус) бара дополнителни податоци пред поаѓање.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.