Актуелно
10 е-трговци ќе добијат бесплатен беџ за верификуван е-трговец
Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТСМ) објави нов јавен повик преку кој 10 е-продавници ќе имаат можност целосно бесплатно да добијат верификација и да се стекнат со Беџ за верификуван е-трговец – симбол на доверба во онлајн трговијата. Повикот се реализира во рамки на националната кампања „Безбедното онлајн купување започнува со тебе“, со поддршка на компанијата Visa.
Поради големиот интерес и позитивното искуство од претходните години, АЕТСМ повторно им овозможува на компаниите да станат дел од заедницата на над 80 верификувани е-продавници во земјата. Овој беџ им овозможува на купувачите лесно да препознаат сигурни и проверени онлајн продавници, додека е-трговците добиваат јасна предност пред нелојалната конкуренција и нерегистрираните продавачи.
Беџот за верификуван е-трговец гарантира дека продавницата е:


