Актуелно
Пивара Скопје го проширува портфолиото со производите на Campari Group
Како една од најважните стратешки определби до 2025-та година, Пивара Скопје продолжува да ја остварува визијата да стане 24/7 партнер на купувачите и консументите во категоријата пијалаци. Овојпат, тој чекор напред е проширувањето на понудата од нивното портфолио со производите на Campari Group.
Со ова, како ексклузивен увозник и дистрибутер, Пивара Скопје ја започнува продажбата на светски познатите брендови Aperol, Campari, Bulldog, Bickens, Cinzano, Ouzo 12, SKYY и Wild Turkey.






