По 19-ти пат ќе се дарува крв за Голема Богородица
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар и Институтот за трансфузиона медицина на РСМ, на 28.08.2021 година, традиционално, по 19-ти пат, ја организираат крводарителска акција по повод празникот Успение на Пресвета Богородица.
Крводарителската акција ќе се спроведе во Домот на АРМ, од 09:00 до 17:00 часот.
