Актуелно
РСБСП со апел: Децата, тргнаа на училиште – возачи, намалете ја брзината!
Училишното ѕвонче означи почеток на новата учебна година, денес, на 1 Септември. Годинава ја одбележуваат нови предизвици, нови ризици и закани за безбедноста на децата, но и покрај тоа не смееме да заборавиме на ризиците и опасностите кои ги демнат децата во сообраќајот.
И понатаму останува важно прашањето како децата навремено и безбедно да пристигнат до училишниот двор? Не смееме да го заборавиме и да го занемариме фактот дека сообраќајните незгоди се сериозна закана за животот и здравјето на децата.
Со почетокот на учебната година, фрекфенцијата на возила и на пешаци во сообраќајот значително се зголемува. Согласно тоа, се зголемува и потребата за дополнителна доза внимателност од страна на сите учесници во сообраќајот, особено кога се движат во близина на училиште или на градинка.


