Актуелно
Почина Саша Поповиќ, основачот и директор на „Гранд продукција“
По кратко и тешко боледување, на 70 годишна возраст почина основачот и креативен директор на „Гранд продукција“ Саша Поповиќ.
Веста за неговата смрт ја објави Гранд продукција.
„Со голема тага ја информираме јавноста дека денеска по кратко и тешко боледување, почина Саша Поповиќ, основач и креативен директор на Гранд продукција“, стои во соопштението на „Гранд“.



