Повеќе од 30 домашни и странски експерти ќе го пренесат своето искуство на третата годишна конференција за е-трговија
На 25-ти и 26-ти ноември, по трет пат традиционално, ќе се одржи годишната конференција за е-трговија, која оваа година, согласно препораките за заштита на здравјето на учесниците, ќе се организира комплетно онлајн, под мотото: „Е-трговија и Ковид-19: Предизвици и можности!“.
И оваа година, Конференцијата за е-трговија ќе биде место каде што сите присутни ќе можат да ги прошират своите знаења во областа на е-трговијата, како и да се запознаат со домашните и странски чинители во екосистемот на е-трговијата.
Конференцијата ќе изобилува со богата дводневна програма која се состои од повеќе од 30 домашни и странски експерти од 10 различни држави во светот, кои ќе го пренесат своето искуство и знаење преку клучни говори, панел дискусии и неформални разговори, на различни теми поврзани со интернет продажба, ставајќи го во фокус влијанието на пандемијата врз растот на е-трговијата. Конференцијата ќе биде збогатена и со забавни делови каде што ќе се доделуваат вредни награди за учесниците.

