Стартап Македонија со панел за лобирање на политиките за развој на македонскиот стартап екосистем
„Лобирање за политки за развој на националниот стартапекосистем – најдобри примери и следни чекори“ е виртуелниот панел кој ќе се одржи денеска во 19:00 часот, како дел од првиот ден од Глобалната недела на претприемништвото. На панелот ќе земе учество Коста Петров, директорот на Фонд за иновации и технолошки развој, Татјана Марковска, претставничка на Светска Банка во земјава, Нина Николиќ и Игор Маџов ко-основачите на Стартап Македонија а ќе модерира Ивана Станковиќ.
-Во 2019 започна креирањето на дигиталната екосистем платформа која беше лансирана во јули 2020. Дигиталната екосистем платформа која беше лансирана со поддршка на УСАИД, проектот за развој на деловниот екосистем и го премостува јазолот кој постои помеѓу помошта и видот на услуги за развој на поддржувачите организации како и на средства кои стартапите ги бараат со цел да се развијат и да креираат производ или услуги спремни за пазарот. Друг значаен исчекор во развојот на екосистемот е менторската платформа. Таа е мрежа на домашни и интернационални ментори кои се всушност искусни претприемачи и експерти кои сакаат да помогнат во развојот на македонските стартапи, особено за ширење на меѓународниот пазар. Во соработка со УСАИД, Швајцарската програма за претприемништво и програмите како ЕFSE Entrepreneurship Academy, CIPE, GIST и други, Стартап Македонија ја гради и глобалната мрежа на ментори за развој на стартапи, истакна Игор Маџов, ко-основач на Стартап Македонија.
Новоименуваниот директор на Фондот за иновации и технолошки развој, Коста Петров уверен е дека стратегијата за стартапи ќе поттикне иновации во приватниот сектор и ќе овозможи услови за креирање на глобален македонски продукт



