Актуелно
Премиум Сејфти Солушн е прва компанија на македонскиот пазар која нуди комплетен концепт и решенија за безбедност
Комплетни услуги во делот на противпожарната заштита, безбедност и здравје при работа, животна средина, управување со отпад, заштита на лични податоци, корпоративна безбедност, сајбер безбедност, медицина на трудот, развој на приватната детективска дејност, вештачења, проектирање и надзор над изведување на градби од прва категорија и многу други услуги од современ карактер е портфолиото на услуги кои ги нуди „Премиум Сејфти Солушн”.
– Ние сме првата компанија на македонскиот пазар, на која за потребите на своите клиенти има создадено, креирано свој сопствен софтвер за следење на пропишаните законски нормативи, а стручниот тим на врвни професори од Северна Македонија и Југоисточна Европа, нудат можности клиентот да добие практично, трајно премиум решение за безбедност од сите аспекти. За младите пак постои програма која ќе им помогне во изборот на професионална ориентација, но и за сите останати кои сакаат да се преквалификуваат пред се да ја детектираат големата општествена одговорност при придонес во општеството која за себе ја носат овие професии, вели Марија Кукуноска извршна директорка на Премиум Сејфти Солушн.








