Прв успех за Христо Ковачи во Италија – од 21 натпреварувач трката ја заврши 7-ми
На првата трка за оваа сезона 2021 година, во Јесоло Италија, на квалификациите од 21 натпреварувач во класата „микромакс” Христо Ковачи обезбеди 8-ма позиција за старт. Во формирачкиот круг поради контакт со друг натпреварувач излета од патеката со што стартуваше последен.
– Првата трка од 21-ви успеа да ја заврши на 12-та позиција и од истата стартуваше во втората трка. Втората трка напредуваше со уште две позиции – заврши на 10-та позиција. Третата трка од старт на десетта позиција успеа да заврши на 5та позиција, меѓутоа поради казна од три секунди официјално е седми во таа трка, појаснуваат од неговиот тим.
Тимот АСК Рацинг кои го прателе и 2020 година забележале подобрување на неговите возачки способности и покрај големата пауза од тренинзи, ова се должело на неговата огромна желба и потенцијал за напредување и остварување на успеси во овој спорт.



