Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Утре започнува вакцинацијата на новинарите и медиумските работници

Актуелно

Утре започнува вакцинацијата на новинарите и медиумските работници

Утре започнува вакцинацијата на новинарите и медиумските работници

Вакцинацијата на новинарите и медиумските работници кои се пријавија на повикот и кои ги исполнија условите за да влезат во првата група на вакцинација ќе се спроведе во понеделник (12.04) наутро од 08:20 до 10:30 часот во А1 Арена (Сала Борис Трајковски) во Скопје. Во оваа група се лицата над 40 години или оние кои имаат хронична болест.

Сите 631 новинари и медиумски работници имаат добиено информација за точниот термин за вакцинацијата на нивните електронски адреси (е-маил) кои беа доставени од редакциите до ЗНМ и ССНМ при пријавувањето.

Лицата кои се пријавија на првиот повик, а кои не ги исполнија условите за оваа фаза од вакцинацијата, како и сите останати заинтересирани новинари и медиумски работници, ќе бидат земени предвид за следниот круг на вакцинација кој се очекува да биде наскоро. Истото важи и за сите оние кои се пријавија после истекот на рокот за пријавување во оваа фаза од вакцинацијата. Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) им препорачуваат на одговорните лица во медиумите на денот на вакцинацијата, како и наредниот ден да ги ослободат новинарите и медиумските работници од работните обврски.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.