Актуелно
Прва регионална платформа за е-трговија: На едно место достапни сите правни регулативи за основање и водење на бизнис со е-трговија во ЦЕФТА
Една од предностите на водењето на бизнис со е-трговија, како најбрзо растечка гранка во економијата, е реалната и остварлива можност за проширување на пазарот надвор од физичките граници и искористување на потенцијалот на регионот. Имајќи предвид дека регионот го сочинуваат околу 20 милиони жители, тоа за македонските е-трговци би значело десеткратно зголемување на потенцијалните е-купувачи.
Можностите за ваквата регионална експанзија и основање на бизнис со е-трговија во ЦЕФТА регионот се во фокусот на новолансираниот модул на регионалната платформа Ecommerce4All.eu – ”Регулатива во е-трговија”, каде на едно место достапни се правни регулативи, закони и прирачници кои се специфични за секој од 7-те пазари на ЦЕФТА (односно во Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Црна Гора и Молдавија) и кои на лесен начин треба да го прикажат начинот за основање и водење на бизнис со е-трговија во секој од нив.
Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, која е главен имплементатор на оваа веб платформа, ги потенцира прирачниците кои се изработени за сите ЦЕФТА пазари во рамки на овој модул, особено поради тоа што на едно место ги содржат сите важни информации за тоа како да се започне и води бизнис со е-трговија, кои се потребните информации кои секој е-трговец треба да ги знае и кои се правата за заштита на онлајн потрошувачите во секој од овие пазари.


