Вработените од Тиго Фајнанс со донација за здружението за дигитална инклузија „Отворете ги прозорците“
Обезбедени близу 50 индивидуални третмани во Центарот за специјално образование на деца и млади на здружението за промовирање на асистивната технологија и дигиталната инклузија на лицата со попреченост „Отворете ги прозорците“.
Благодарение на донацијата на компанијата Тиго Фајнанс и нејзините вработени, едно од децата или младите лица со попреченост со кои работи здружението „Отворете ги прозорците“, ќе добие бесплатни индивидуални третмани во времетраење од пет месеци со дефектолог или логопед во Центарот за асистивна технологија на здружението, неопходни за негов понатамошен напредок во образованието и активна инклузија во општеството.
Средствата се всушност собрани во рамки на новогодишниот хуманитарен базар со аукција кој вработените на Тиго Фајнанс самостојно го организираа, а компанијата двократно ја зголеми сумата со цел да обезбеди што поголема поддршка на работата на организацијата, но и да делува во насока на проширување на капацитетите на нејзиниот Центар за специјално образование, со што ќе се овозможи асистивна нега и за децата и младите кои во моментов се на листата на чекање за индивидуални третмани, а имаат редовна потреба од бесплатните услуги на здружението.



