Актуелно
Секоја година во Македонија околу 500 лица се дијагностицирани со некој вид на леукемија, лимфом или миелом
Септември е светски месец за подигнување на свеста за хематолошки малигни заболувања (леукемии, лимфоми и миеломи).
Пандемијата со КОВИД-19 и стравот од вирусот предизвика се помал број на лица да се јавуваат на редовни прегледи и со тоа болеста да се дијагностицира во касна фаза,кога можноста за излекување е намалена и може да доведе до смртен исход.
Бројот на новодијагностицирани пациенти со леукемии,лимфоми и миеломи во 2020 година е намален за половина, за разлика од 2019 година,што е прилично невообичаено.



