Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

СИМОН ТРПЧЕСКИ: „Салата на Македонската филхармонија треба да остане стожер, пред сé на врвовите на класичната музика“

Актуелно

СИМОН ТРПЧЕСКИ: „Салата на Македонската филхармонија треба да остане стожер, пред сé на врвовите на класичната музика“

Салата на Македонската филхармонија треба да остане стожер на врвовите на класичната музика. Создавањето на Национален оркестар за џез музика е добредојден чин што Македонската филхармонија го поздравува, но според нејзините зборови, сместувањето на двата музички ансамбли под еден покрив е неприфатливо поради административни и креативни причини.

Македонската филхармонија тврди дека новоформираната национална установа не е компатибилна со нејзината дејност, што ќе резултира во непотребни проблеми во административното работење, конструктивноста, креативноста и продуктивноста на двете национални установи.

Симон Трпчески кој во својата поддршка за Македонска филхармонија вели: „Уметноста и културата се сржта на еден народ. Лично, многу ја почитувам џез музиката како и нејзините исполнители. Таа е од огромно значење за шареноликоста на нашата музичка и културна сцена. Ако има потреба поддржувам изградба на посебен простор за нив со сите услови за креативност, во кој секако ќе уживаме сите заедно. Додека, пак, салата на Македонската филхармонија, се надевам ќе остане да биде исклучиво дом на нашиот најреномиран оркестар и музички амбасадор на Македонија. Салата на Македонската филхармонија треба да остане стожер, пред сé на врвовите на класичната музика, без правење преседан невиден во филхармониските институции во светот, секако со концертна отвореност за високи музички дострели какви што се и тие на нашите џез музичари“, истакнува Трпчевски.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.