Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Македонија прв пат дел од официјалната церемонија на преземање на Благодатниот оган во Ерусалим (ФОТО)

Актуелно

Македонија прв пат дел од официјалната церемонија на преземање на Благодатниот оган во Ерусалим (ФОТО)

На Меѓународниот аеродром во Скопје вечерва пристигна благодатниот оган, директно од Ерусалим. Делегација на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, со присуство на претставници на почесната гарда на Армијата, ги пречекаа државната и црковната делегација, кои од Ерусалим го пренесоа Благодатниот оган во Скопје.

Оваа година, за прв пат, државна делегација од Македонија и црковна делегација на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, присуствуваа на официјалната церемонија на преземање на Светиот Благодатен оган во Базиликата на Светиот Гроб во Ерусалим, без да бидат дел од делегација на друга држава.

Благодатниот оган го преземаа лично претставниците на македонската државна и црковната делегација од Ерусалимскиот патријарх и го донесоа во земјава, како благослов за македонскиот православен народ и за нашата помесна православна црква, МПЦ-ОА. Свештените лица го пренесуваат Благодатниот оган до поглаварот на МПЦ-ОА, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан, како и до храмовите и епархиите ширум државата.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.