
Актуелно
Вакцините на „Фајзер“ и „Астразенека“ генерално ефикасни против индиската мутација на коронавирусот
Вакцините на „Фајзер“ и „Астразенека“ генерално ефикасни против индиската мутација на коронавирусот
Вакцините на „Фајзер“ и „АстраЗенека“ се генерално ефикасни против индиската варијанта на коронавирусот, велат последните научни истражувања.
Според Универзитетот во Оксфорд, голема е способноста на антителата во крвта на луѓето кои ги примиле обете дози на вакцината да ги неутрализираат високоинфективните варијанти делта и капа.
– „Нема докази за голем имунолошки бег на вирусот, што сугерира дека сегашната генерација на вакцини ќе обезбеди заштита од вирусните варијанти B.1.617“, се наведува во студијата. Ова се варијантите делта и капа, кои за првпат се идентификувани во Индија.


