Што е важно да знаеме за антителата на Covid-19?
Кога некој поседува антитела против вирусот SARS-CoV-2 што го предизвикува заболувањето Covid-19 што тоа значи? Зошто е важно да се знае дали имаме антитела ако претходно сме имале Covid-19 или се сомневавме дека сме имале некои симптоми, а при тоа не сме се тестирале?
Антителата се клучен дел од нашата имунолошка одбрана. Тие се создаваат во бели крвни клетки за да се идентификува и неутрализира причинителот кој е непознат за имунолошкиот систем. Антителата се протеини кои се јавуваат како имунолошки одговор кај заразени пациенти или оние кои биле во контакт со вирусот SARS-CoV-2.
Со одредување на антитела од класите на ИгГ, ИгМ и ИгА може да се докаже мината инфекција или инфекција во тек со SARS-CoV-2. Инфекцијата може да помине и без симптоми или со многу благи симптоми, кои се сметаат за незначајни. Антителата се докажуваат во крвта од пациентот. Постои квалитативно и квантитативно одредување на ИгГ, ИгМ и ИгА антитела.



