Актуелно
Свечено доделени наградите за 2023 година на „Изборот на најуспешни спортистки, спортисти, тренер и спортска екипа на Град Скопје“
Упорноста и резултатите секогаш носат успеси, а во полето на спортот истото има значително значење. Денес, 22.12.2023 (петок), во Кино Фросина во МКЦ, се одржа свеченото доделување на наградите „Избор на најуспешни спортистки, спортисти, тренер и спортска екипа на Град Скопје“ од страна на Град Скопје и Сојуз на Спортови на Скопје.
Најуспешните беа наградени согласно различните утврдени категории во склоп на донесената одлука од страна на Комисијата за избор на најуспешни спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на Град Скопје и доделување на награди и признанија за 2023 година.
Во категоријата Најуспешни 10 спортисти во младинска категорија (мажи и жени), наградени се 1. Силвио Мировски (Кик бокс клуб Гладијатор – 2. м Европско првенство Кик бокс), 2. Витомир Трајковски (Карате клуб Макпетрол – 3 м. Балканијада 3 м. Европско првенство, 1 м. Универзијада), 3. Калин Ивановски (Тениски клуб Југ пласман во 1/4 на АТП челинџер 100 Иаси, Романија), 4. Стефан Стојановиќ (Карате клуб Макпетрол – 3 место Балканијада), 5. Бесир Алили (Боречки клуб Лирија – 5 м. Европско Првенство), 6. Ива Богдановска (Џудо клуб Миоки – 3 место Балканијада, 9м Европско Првенство), 7. Георгина Блажеска (Џудо клуб Миоки – 3 место Балканијада), 8. Јована Мицовска (Карате клуб Макпетрол – 3 место Балканијада), 9. Иван Галевски (Ракометен клуб Алкалоид), 10. Никола Ѓуретановиќ (Пливачки клуб Вардар 2018 – 6 место на Централно Европски Игри).



