Актуелно
Швајцарија и Пакомак заеднички инвестираат во подобра инфрастуктура за селектирање на амбалажен отпад
Минатата година, Пакомак со поддршка на Швајцарија постави повратни вендинг машини за селектирање на пластични шишиња и лименки во повеќе големи маркети низ државава. Со одлагање на амбалажниот отпад во вендинг машините, граѓаните имаат можност да собираат зелени поени и истите да ги користат за плаќање во маркетите со помош на Екомак апликацијата достапна на Google & Apple. Од неодамна, граѓаните имаат можност да пронајдат ИГЛО контејнер и на онлајн мапата, достапна на следниот линк https://app.maps.pakomak.mk:7443/. На оваа мапа граѓаните може да се информираат каде најблиску можат да го одложат селектираниот отпад, имено во сините контејнери се одлага хартија, во зелените стакло и во жолтите пластика.
Пакомак во партнерство со Швајцарија ја модернизираат инфраструктурата неопходна за селектирање на амбалажниот отпад
Пакомак, како прва и водечка компанија за управување, селекција и рециклирање на отпадната амбалажа во земјава, повеќе од една деценија успешно и посветено работи на создавање на здрави, зелени навики кај граѓаните и спроведување на најсовремени технологии за управување со отпад. Годишно, тие собираат и носат на рециклирање околу 28-30.000 тони или скоро 25-27% од вкупните количини на амбалажен отпад во земјата. Со цел да се подобри селектирањето и одлагањето на отпадот, во партнерство со Владата на Швајцарија, Пакомак инвестира во паметни зелени технологии кои го олеснуваат процесот на селекција за граѓаните. Во рамки на оваа соработка, денес Швајцарската амбасадорка, Н.Е. Вероник Улман, официјално му предаде на Пакомак два специјализирани камиони за собирање на отпад од пакување.






