Актуелно
Уште 2 дена до завршување на пријавувањето за „ХалкЕко Скопје трча 10км“
Организаторите на десет километарската трка која станува се повеќе популарна помеѓу граѓаните на Скопје, но и цела Македонија, ХалкЕко Скопје трча 10км, најавија дека пријавувањето ќе се затвори на 28 април (петок) или до пополнување на бројката од 1500 учесници.
Оваа трка е втора трка во Македонија, после ВизЕр Скопскиот маратон, која се здоби со меѓународен сертификат од АИМС и Светска Атлетика и сите постигнати резултати и норми ќе бидат признаени од овие меѓународни институции.
Трката ќе се оддржи на 7 мај со почеток во 9 часот. Стартот и целта на трката е булевар „Илинден“ кај фонтаната „Лотос“, додека патеката ќе биде дел од булеварите „Илинден“ и „Партизански Одреди“.




