Актуелно
„Halkbank & Mastercard“ – коалиција за поздрава планета
Mastercard и Халкбанк АД Скопје ја објавуваат новата акција на Priceless Planet, платформата која ги обединува корпоративните заложби за поздрава планета и овозможува значајни инвестиции за заштита и подобрување на животната средина.
Халкбанк АД Скопје заедно со партнерите од коалицијата Priceless Planet ќе учествува во заложбата за засадување на 100 милиони дрвја во светот во следните пет години. Мисијата на оваа коалиција е „Добро работење преку правење добри дела“. Во глобалната мрежа учествуваат светски познати банки и компании.
„Чест ни е што сме дел од коалицијата Priceless Planet предводена од Mastercard. Како банка за која најважни се луѓето и нивната добростојба, заложбата за поздрава животна средина и намалување на штетните ефекти кои влијаат на сите, ни е од огромна важност. Ние и понатаму продолжуваме со вложувањата во еколошки процеси на работа и ги повикуваме нашите клиенти да не следат во заложбата за поздрава планета.“ – изјави Билал Суџубаши Главен Извршен Директор на Халкбанк АД Скопје.



