Пристигнаа нови 100.000 дози на Фајзер – масовната вакцинација продолжува
100.620 дози на вакцината „Фајзер“ пристигнаа во Македонија, со што повторно ќе стартува масовната имунизација во нашата земја.
Министерот Венко Филипче најави дека вакцинацијата во текот на следните денови ќе се одвива со забрзано темпо. Тој најави дека од понеделник до 15 јули ќе бидат вакцинирани сите граѓани кои се пријавиле за вакцинација.
– „Доколку се уште не сте се пријавиле преку веб страницата, апелирам да го направите тоа што поскоро, како би добиле термин во најбрз временски рок“, објави Филипче на Фејсбук.


