Актуелно
Апел за помош на настраданите во Тетовско
Помош со донирање вода за пиење, средства за хигиена, храна, ќебиња… е потребна за погодените домаќинства во Тетовскиот регион од завчерашното невреме.
Помошта може да се предаде во магацините на Црвениот крст во Момин Поток од 8 до 16 часот секо ден до 15-ти овој месец. Контакт телефон за предавање донација: 3096-227.
Од Црвениот крст на Република Македонија информираат дека заинтересираните правни субјекти и граѓани можат да се вклучат и со обезбедување парична помош на сметката на Фонд за солидарност: 300000001327966, ДБ: 4030984271620 – Комерцијална Банка, како и со донирање 100 денари со повик на телефобнските броеви: 075/070/077 143-400.



