Талентираните ежиња Stoned Hedge го промовираат својот прв сингл „Little Heads”
Stoned Hedge е млад инди-рок бенд од Тетово, формиран во 2018-та година. На самите почетоци, бендот свири преработки насекаде низ Македонија, за во август 2020-та година да почне да создава авторска музика. Бендот е составен од 4 члена: Ангела Маринковска – вокал, Исмаил Камбери – гитара, Дејан Томовски – бас и Марко Стојчевски – тапани.
Талентираните Stoned Hedge успеваат за само четири месеци да го создадат својот прв, деби албум. Истиот е составен од осум песни кои жанровски се движат во рамките на антернативниот рок, а звучат толку зрело, небаре ги компонирал искусен бенд со долгогодишно искуство.
