Вести
Април потопол за пет степени од просекот, со мал број дождливи денови
Значително повисоки температури, за дури четири до пет степени, годинава имаше во април. Највисока темепратура е измерена во Гевгелија 31,5 и Демир Капија 30,9 степени на 24-ти минатиот месец.
– Споредено со многугодишните просечни вредности за април за период 1981-2010, температурите во април 2018 се значително повисоки, за четири до пет степени. Среднодневните температури беа повисоки во првата декада за два до три степени, а во втората и третата за дури пет до шест степени, информираат од УХМР.
Највисока средна месечна температура е регистрирана во Гевгелија и Демир Капија од 17,7 степени, а најниска во Лазарополе 10.5 степени. Во Скопје се измерени 17,2 степени, во Штип и Струмица 17,1 степени, во Битола и Прилеп 15,6 степени, во Охрид 14,5 степени, во Крива Паланка 14 степени, во Берово 12,1 степени и во Маврово 10,6 степени.



