Актуелно
Априлијада за Денот на шегата
По повод Денот на шегата 1 Април, на плоштадот „Македонија“ ќе се одржи традиционалната манифестација „Априлијада – Скопје се смее“.
Во организација на Детскиот културен центар „Карпош“ и Град Скопје претпладне од 11 часот ќе биде организирана забава за деца од градинките и од основните училишта. Ќе настапи фолклорната секција на ДКЦ „Карпош“, „Златно славејче“ и танцови групи од основните училишта. Годинашната „Априлијада“ ќе ја отвори градоначалникот на Скопје Коце Трајановски.
Вечер од 21 часот, пак, на плоштадот ќе има ноќна забава и маскенбал, со настап на музичари, како Коста Костовски, Кристина Арнаудова, Сашо Гигов-Гиш, Александар Тарабунов, Лаура Крлиу, Биљана Дабеска, групата „The Noise Makers“, етнобендот Пиреја, а на крајот посетителите ќе ги забавува диџеј.




