Вести
Архимандритот Јоаникиј од Ракотинци ќе биде прогласен за светител
Архимандритот Јоаникиј од Ракотинци денеска во Соборниот храм „Св.Климент Охридски“ во Скопје ќе биде прогласен за светител. Денешниот ден на официјалната канонизација ќе биде впишан во календарот на МПЦ.
Настанот е во организација на Скопската православна епархија при Македонската православна црква – Охридска архиепископија, и е во контекст на празнувањето на 50-годишнината од возобновувањето на автокефалијата на Охридската архиепиекопија во лицето на МПЦ.
Централната манифестација ќе се одржи денеска во Соборниот храм „Св.Климент Охридски“ во Скопје. Во 8 часот од мостот „Гоце Делчев“ ќе тргне свечена литија со пренос на моштите на преподобниот Јоаникиј Ракотински.



