Вести
АРМ одбележува 25 години од формирањето
Армијата на Република Македонија денеска одбележува 25 години од формирањето.
На централната свеченост вечер во 19 часот на воениот стадион во Градскиот парк во Скопје, во присуство на претставници од АРМ, државни институции, локални самоуправи, амбасади, граѓански здруженија…ќе се обратат претседателот Ѓорге Иванов и министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
Претседателот Иванов со Орден за воени заслуги ќе ги одликува Командата за обука и доктрини, Баталјонот за почести и Четвртиот механизиран пешадиски батајлон на Армијата на Република Македонија. Орденот за воени заслуги се доделува за особени заслуги и за исклучителен придонес во јакнењето на одбранбената способност, зачувувањето на суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Република Македонија, како и за успешно претставување и афирмирање на Армијата на Република Македонија во меѓународни рамки.



