МК Сцена
Каролина за прв пат ќе одржи open air концерт во Скопје
Како сублимат на една неверојатно богата кариера, со 10 студиски албума и безброј хитови и евергрини, големо задоволство ни е да ви најавиме дека нашата Каролина за прв пат ќе одржи open air концерт во Скопје под името “Ајде да летаме – GREATEST HITS” на 1ви јули, на Стадионот на АРМ во Скопје.
Концертот ќе биде со сериозна, светска продукција, светло и звук – какви што доликуваат на голем и грандиозен концерт на Каролина Гочева.