Вести
Бесплатен јавен превоз во Скопје поради аерозагадувањето
Од утрово повторно стапија во сила мерките против аерозагадувањето во Скопје, соопшти денеска градоначалникот Петре Шилегов.
– Јавниот превоз од денеска е бесплатен. Оставете ги автомобилите и возете се со јавниот превоз, рече Шилегов на форумот „Иден развој на урбаната мобилност“.
Во согласност со Законот за квалитет на амбиентниот воздух, на барање на Владата на Република Македонија и Министерството за здравство, Градот Скопје објави итни мерки и препораки за намалување на загадувањето на воздухот.



