Актуелно
Бесплатен такси-превоз за поднапиените гости во охридските кафулиња
Охридската полиција денеска во рамки на превентивната кампања „Биди трезен стигни жив“ низ неколку кафулиња во градот ќе дели едукативен материјал и ќе врши доброволно алкотестирање на дел од гостите.
Според соопштението од СВР – Охрид, на оние што ќе бидат тестирани ќе им бидат доделувани црвени или зелени картони, а на лицата кај кои ќе се констатира поголемо количество алкохол ќе им бидат доделени ваучери за бесплатен такси-превоз.
Според податоците на СВР Охрид, во првите осум месеци од оваа година во Охрид случени се 216 сообраќајни незгоди што претставува извесно намалување, споредувајќи со минатата година кога за истиот период се случени 220 незгоди. Во истиот период годинава се регистрирани две сообраќајни незгоди со смртни последици, наспроти трите незгоди со трагичен епилог случени минатата година.



